Пет хеликоптери од Србија и Македонија се упатија во Пехчево да го гаснат пожарот од каде вчера жителите на тоа место преку социјалните мрежи повикуваа за помош.
Инаку, хеликоптерите полнат вода од браната кај Беровското Езеро. Жителите на Берово испратиле снимка до „Независен“ на која се гледа како хеликоптер пренесува вода до пехчевско.
Претходно, директорот на ЦУК Стојанче Ангелов објави дека петте хеликоптери веќе започнале со гаснење на пожарот:
– Петте хеликоптери почнаа со гаснење. Поради безбедносни причини и протоколи нема да се вклучам во живо, напиша Ангелов на својот Фејсбук профил.