Од сите страни доаѓа поддршката за најдобрите македонски фудбалери пред настапот на Европското првенство кое за нас ќе започне в недела. Избраниците на селекторот Игор Ангеловски се подготвуваат во Букурешт за првиот натпревар од групата „Ц“ против Австрија.

Славниот Роналдињо (41) исто така со големо внимание ќе го следи претстојниот континентален собир.

Тој денеска преку социјалните мрежи ја испрати поддршката за нашата фудбалска репрезентација на Европското првенство. Ова видео е споделено на Инстаграм профилот на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.

Здраво пријатели. Со среќа на Европското првенство. Напред Македонија – беа зборовите на Роналдињо.

Бразилецот во својата кариера запиша големи успеси, особено со Барселона, а со својата репрезентација беше светски шампион во 2002 година.