Нашиот најдобар автомобилист имаше желба оваа сезона да се натпреварува на едно европско натпреварување, но сепак поради пандемијата и строгите мерки за патување, реши одново да се „трка“ со најдобрите италијански возачи.

Во својата најава за новата сезона им се заблагодари на своите спонзори кои повторно го поддржаа и посака повторно да го развие македонското знаме на највисокото место на пиедесталот.

Стефановски веќе една седмица е во Италија и интензивно се подготвува за предизвиците во новата сезона, која стартува овој викенд со трката на легендарната патека Монца.

Погледнете ја најавата на Иџе за новата сезона: