Реакција само доколку од територија на соседна земја се изврши напад врз Иран

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денеска соопшти дека Техеран нема да ја насочува својата воена акција кон соседните држави, освен ако од нивна територија не се изврши напад врз Иран. Оваа одлука е дел од новата стратегија за смирување на тензиите во регионот.

Според иранските медиуми, привремениот совет за раководење на државата ја одобрил оваа одлука. Пезешкијан се извинил до соседните земји за нападите што се случија во изминатите денови, нагласувајќи дека Техеран не сака дополнителна ескалација.

– Иран ќе реагира само доколку од територијата на некоја соседна држава започне воена акција против нашата земја – изјави Пезешкијан.