Пет лица се повредени, а туристите се евакуирани откако борова шума изгоре во близина на плажа во Пескара, Италија.
Петгодишно девојче е пренесено во болница, но се верува дека нејзината состојба не е опасна по живот, пренесува Гардијан.
🚨Breaking: Wild Fires Spread In Pescara, Italy #Pescara | #Italy pic.twitter.com/1VBZsfw8pL
— J̵̟̦̲̞̭̱̀̈́͑̄̇̈́̚͝ustice (@The_Justice7) August 2, 2021
Околу 800 луѓе беа евакуирани од своите домови, вклучувајќи го и манастирот на калуѓерките, откако избувна пожар во природниот парк Пинета Данунциана од 53 хектари во близина на Пескара. Пожарите се уште се активни на различни фронтови.
– Моравме да евакуираме неколку куќи и одморалишта поради чадот – изјави Карло Маши, градоначалник на Пескара. – Најголем проблем е жешкиот ветер. Правиме се што можеме за да ја ограничиме штетата.
Italy:A large-scale fire broke out in Pescara. pic.twitter.com/F1t15xKjuF
— handsm (@handsm54350947) August 2, 2021
Во последните 24 часа пожарникарите извршија повеќе од 800 интервенции: 250 на Сицилија, 130 во Пуглија и Калабрија, 90 во Лацио и 70 во Кампанија – објави италијанската национална противпожарна служба на Твитер.