Саит Саитов уште пред четири бил казнуван за возење без дозвола

За лицето Саит Саитов, по кого Министерството за внатрешни работи распиша централна и меѓународна потерница, уште во 2022 година од страна на СВР Скопје била изречена санкција по член 225 став 9 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, поради управување возило без положен возачки испит. Во истата година, на неговиот татко му била поднесена прекршочна пријава по член 317 став 14, за давање возило на управување на лице без возачка дозвола. Тој тогаш имал само 14 години и пробувал да вози возило без дозвола.

Се фалел на Инстаграм како вози брзо – откако објавија медиумите, експресно избриша

Набргу по медиумските извештаи дека Саитов на Инстаграм објавувал видеа од опасно и брзо возење без дозвола, на неговиот профил биле забележани низа промени. Тој ги избришал сите претходно објавени и зачувани „стори“ содржини, го отстранил описот на профилот и го сменил корисничкото име во „1737dhxhahdhx“. Овие активности следуваат веднаш по објавите во кои беше наведено дека уште како малолетен објавувал видеа од непрописно возење со „пасат“. Ова е контроверзното видео:

Погледнете детали:

(ВИДЕО) ТИНЕЈЏЕРОТ САИТ ГИ ИЗБРИША ОБЈАВИТЕ ОД ИНСТАГРАМ НА КОИШТО ВОЗИ БРЗО: Смени име на профилот и избриша профилна слика

Потерница и детали за трагичната несреќа

Со истото патничко возило „фолксваген пасат“, според официјалните информации, Саитов ја прегазил 79-годишната Љуба Јаковлеска. Сообраќајната несреќа се случила на 9 јануари на улицата „Народен фронт“ во Скопје, по што возачот избегал од местото на настанот. По барање на Основното јавно обвинителство Скопје, Министерство за внатрешни работи распиша потерница за 18-годишникот, кој се сомничи за кривично дело по член 300 од Кривичниот законик.