Настаните во серијата се одвиваат после случувањата во филмот „Avengers: Endgame“ од 2019 година.

Режисер на првата сезона е Кејт Херон, додека сценариото е на Мајкл Валдрон кој е и продуцент.

Том Хидлстон ја репризира улогата на Локи од филмовите, додека во другите улоги се појавуваат и Овен Вилсон, Гугу Мбата-Ро и Вуни Мосаку.

Снимањето на серијата почна лани во јануари, по што беше прекинато поради пандемијата. Продолжи во септември, а заврши во декември.

Премиерата на „Loki“ е закажана за 11 јуни и тоа со 6 епизоди. Една еписода тртае од 40 до 50 минути.

Моментално Disney+ работи и на втората сезона.