Кандидатот на ГРОМ за градоначалник на Општина Карпош промовираше проект за уредување на Лептокарија со комплетно нов лик..
Денеска сакам да Ви го презентирам најголемиот проект на кој ќе работи Општина Карпош во наредните години.
Сите возила ќе одат во подземно паркирање а горе ќе има еден прекрасен плоштад со најубавата фонтана во Република Македонија. Зградите во позадина ќе добијат нови убави фасади и целата оваа област ќе биде убаво хортикултурно аранжирана.Целиот овој проект ќе чини над 4 милиони евра, средства кои ќе бидат обезбедени од буџетот на Општина Карпош, изјави Јакимовски.