Во вчерашното издание на емисијата „утринско еспресо на Радио Лидер“ ставањето на Артан Груби на црна листа го анализиравме со Агим Јонуз којшто укажа на позадината на американската црна листа.
Американците со својот модел и феномен на црна листа на САД многу повеќе делуваат воспитно, едукативно, казнено, отколку тоа што го прават поради тоа што некој не сака да им влезе во државата, започна Јонуз.
Политичката порака на црната листа е „деца бидете мирни“
Црната листа апсолутно е политичка порака. Американците дадоа порака и до знаење дека забегаа и дека се однесуваат поразлично од тоа што им дозволуваат. Читајте го јазикот на дипломатијата и политиката. Остајте народ што гледа вести. Вестите викаат „Артан Груби на црна листа“. Да, но суштината е поинаква. Американците им викаат на Артан Груби и Енвер Беџети „деца бидете мирни“, вели Јонуз.
Целата емисија каде освен за црната листа на Груби и Беџети се заборавуаше и за останати проблематики како „голема Албанија“ погледнете ја во продолжение:
„Американците нема да дозволат дестабилизација во овој момент“
Тоа како во една соба си имате две синчиња си играат, а таткото чита весник. Децата џавкаат, играат, се тепаат и таткото во еден момент го зема весникот, тргнува по двајцата и им вика „не таласајте“. Тоа се случи и во Македонија. Која будала смета дека Американците ќе дозволуваат дестабилизација во овој момент, вели Јонуз алудирајќи на можното сценарио за дестабилизација кое сака да го спроведе ДУИ каде главен чинител беше Артан Груби.