Калиопи ја претстави својата најнова музичка приказна преку промоција на песната насловена „Лаж“, придружена со официјален видеозапис. Оваа нумера претставува ново поглавје во нејзината богата кариера и веќе предизвикува големо внимание кај домашната и регионалната публика.
Песната премиерно беше претставена во живо на големиот солистички концерт на поп-пејачката што се одржа минатиот викенд, пред многуилјадна публика во преполната арена „Борис Трајковски“. Реакциите на публиката во салата беа извонредни, со што песната доби силен ветар во грб уште пред својата дигитална премиера.
Како комплетен автор на целото музичко дело повторно се потпишува нејзиниот долгогодишен соработник Ромео Грил, кој целосно ги изработи музиката, текстот, аранжманот и финалната продукција на патеката.
Спотот за оваа композиција е направен под режисерската палка на Лука Сеп, додека целата видеопродукција беше доверена на тимот на Kavakava Production. Песната „Лаж“ од денеска е достапна за слушање на сите популарни дигитални музички платформи.
