Некои од сведоците кои биле присутни на лиц место велат дека случајот наликува на намерен акт, а од полицијата за сега се имаат изјаснето дека „ги разгледуваат сите можности“. Камионот пак, кој влетал во толпата, на себе имал 2 знамиња со ЛГБТ-виножитото, што укажува на тоа дека голема е веројатноста да се работи и за несреќен случај.
Парадата на гордоста се одвиваше во град во јужна Флорида, како дел од прославувањето на месецот на гордоста – јуни.