Медиумите во Турција го опишуваат како водач на турската мафија, суден за убиства, државен преврат. Припадник на струјата на Гуленистите, и моментално во егзил од Турција.

На Пекер му се судело за убиство на шверцерот со дрога Абдула Топчу, но бил ослободен од обвинението. Двајцата други обвинети во истиот случај, кои наводно работеле за него, беа осудени на доживотен затвор.

По ова, тој избегал во Романија и бил баран, меѓудругото, за рекет, принуда и поттикнување убиство.

На 12 мај 2005 година бил уапсен за време на операцијата „Пеперутка“ во Турција. На 31 јануари 2007 година бил прогласен за виновен за градење и водење на криминална организација, грабеж, фалсификат и осуден на 14 години и 5 месеци затвор.

Пекер е обвинет и дел е од аферата за соборување на Ердоган, за што е осуден на 10-годишна затворска казна.

Но, тој редовно ја посетувал и Македонија и центарот на градот Скопје за кој воопшто не криел. Тој најпрво го посетил Скопје во септември каде очигледно кејот 13 ноември е претесен за обезбедувањето на Седат Пекер.

Одново на истата локација дошол и три месеци подоцна. За тоа говорат и видеата поставени на 12-ти декември претходната година каде самиот тој се пофалил дека е во центарот во Скопје и во посета на реката Вардар.