Последниве месеци се реконструира кејот покрај реката Вардар, од мостот „Слобода“ кај „Холидеј Ин“ до Камениот мост. Оваа реконстукција доби низа негативни коментари откако беше забележано ново заробување на дрввата иако во 2019 Град Скопје потпиша меморандум за соработка со Шумарскиот факултет за ослободување на 500 дрва кои растат заробени во бетон за жал праксата да се бетонираат дрва во Скопје продолжува.

Во Скопје од ден на ден се поголем е бројот на дрва кои се заробени од асвалт, бетон, плочки или друг цврст материјал.

Градоначалникот на Карпош Богоев бетонираше дрва и правеше паркови на асфалт, а сега во Центар жителите се жалат дека живи растенија се бетонираат.