Најголема е гужвата на ГП Богородица каде се чека повеќе од 30 минути до 1 час. На Табановце исто така стотици автомобили чекаат, а според информациите таму се чека околу 30 минути излез од Македонија.
ТУКА може да го погледнете видеото од македонско-грчката граница и колоната која нема крај.
За ваквите гужви се пишува и по српските медиуми. Оттаму, со предупредување:
„Наоружајте се добро ако чекате одите во Грција, на граница се чека до 3 часа“, пишува Ало.рс.
Во меѓувреме, директорот на царината, Бобан Николовски најави намалување на чекањето на границите преку низа мерки и проекти во иднина.