По минатонеделните тензии во Косово ситуацијата продолжува да биде со висока тензија. Косовската полиција објави четири нови снимки, за кои тврди дека го прикажуваат моментот на експлозијата рано наутро во полициската станица Звечан кога загина косовски полицаец при настаните во Бањска, пренесува Н1.

За другите снимки, на кои се гледаат луѓе и оклопни возила, косовската полиција вели дека прикажуваат полигон на војската на Србија познат како Пасуљанске Ливаде, а дека меѓу нив има и снимка од тактичка вежба со симулација за поддршка на оклопното возило Хамви, пренесе Плусинфо.

„Снимката од 26 август 2023 година, направена во Копаоник, Србија, ги прикажува одморалиштата и хотелот „Греј“ во сопственост на Милан Радоичиќ“, вели полицијата за првата снимка.

За втората снимка се вели:

„Снимката е од 2 септември, а е направена на Копаоник, во близина на просторот во сопственост на Милан Радоичиќ. Видеата покажуваат дека облеката се тестира на термални камери. Остатокот од видеото ги прикажува последните вежби на терористичката група на полигонот на српската војска познат како Пасуљанске ливаде“.

Tретата снимка, според косовската полиција е симулација напад и на ранување на членовите.

„Тука може да се видат моторни возила. На видеото се гледа како се симулира напад и се симулира ранување на членови на терористичка група, како и пружање прва помош“, пишува косовската полиција.

За четвртото видео пишува дека е симулација на поддршка со оклопни возила:

„Ова видео од 20 септември покажува како групата наидува на отпор и симулира оклопна поддршка“.