Ковачки потенцираше дека ваквите случувања во однос на доделувањето пасоши на криминалци и убијци од светот, сигурно ќе влијаат на меѓународен план.
Според него, Македонија од една страна се стреми кон ЕУ, а од друга страна се прикажува како земја во која царува криминалот, корупцијата и мафијата.
– Тоа не се европски вредности и со ваквиот начин на функционирање, Македонија не ја очекува светла иднина. СДСМ и Владата ќе бараат начин да се тргнат од овој скандал и да ги припишат овие пропусти на некои други. За многу брзо време СДСМ ќе си замине, по нив ќе дојде ВМРО-ДПМНЕ. Но, за жал, ова не е скандал кој ќе го оцрни СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ на меѓународен план, туку ќе ја оцрни Македонија, додаде Ковачки.
Тој посочи дека ова е дамка на целата држава, ова е голем срам
– Зоран Заев и неговите соработници секојдневно велат дека се борат Македонија да стане членка на ЕУ, се фалат со учеството во НАТО Алијансата, но од друга страна продолжуваат со криминогеното и нечистото работење. Доделувањето на македонски пасоши на луѓе кои убивале, продавале дрога, нуделе „бело робје“, покажува за тоа какви луѓе ја сочинуваат власта штом се во тесна корелација со вакви луѓе, заврши Ковачки.