Утрово на емисијата „Еспресо со Златев и Боцевски“ се зборуваше на неколку теми како: Дали Таравари ќе биде дел од новата Влада, прославата на роденденот на Гоце Делчев во Скопје на 4-ти февруари и безбедносните мерки, како и други теми од регионалната политика за конфликтот меѓу Србија и Косово и други актуелности.
Водителите на емисијата Златев и Боцевски зборуваа тоа кои се причините за влез на Таравари во оваа влада, како и кои би биле евентуалните последици. Боцевски ја искоментира и средбата која треба да се случи утре меѓу Таравари и Боцевски велејќи дека тој ќе направи грешка ако слуша совет од луѓе кои никогаш не излегле на избори.
„Ако Таравари слуша совети од луѓе кои никогаш не излегле на избори, ако Таравари слуша совети од луѓе кои никогаш не убедувале да дадат глас за нивната партија тогаш прави грешка“, вели Боцевски.
Јас мислам дека се работи за купување или за уценување, вели Златев и го образложи неговиот став.
Во продолжение може да го видите исечокот од денешната емисија.