Се стиши политичката партија Левица која за себеси кажуваше дека никогаш нема да го прифати името Северна Македонија кое го официјализираше СДС. Нивната еуфорија за како тоа „Северна е дивоградба“ и истата никогаш нема да се прифати не траеше долго.
Имено, во советот на Општина Велес, градот од каде што потекнува нивниот лидер Димитар Апасиев Левица веќе ја призна Северна Македонија. Тоа може да се забележи од советничката од Левица Маргица Урумова која на советот ни помалку ни повеќе го употреби терминот „Северна“.
Оттука, се наметнуваат повеќе прашања, а едно од нив е и тоа дали Левица ќе го признае терминот „Северна Македонија“ и ќе го прифатат она против кое велат дека е „дивоградба“ и никогаш нема да биде реалност за нив.