Во оваа најнова афера се работи за издавање на македонски патни исправи, пасоши и лични карти, на лица од балканските нарко-картели и озлогласени криминални групи. МВР вчера започна истрага во случајот, но само откако овие информации беа дадени на новинарите од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, кои побараа одговорност од Спасовски и обвинија дека во Македонија, додека СДСМ е на власт, криминалците ќе имаат своја држава.

Едно од имињата кои беа споменати на денешната прес-конференција на Александар Николоски, беше и Стефан Џукиќ, кој поседувал македонски пасош со името Каче Герги.

Џукиќ е име кое е главно непознато на Балканот, но нашата редакција дојде до стари написи на српски медиуми, во кои има детали за работата и меѓусебните пресметки на Шкаљарскиот и Кавачкиот клан. Стефан Џукиќ, кој подоцна го менува презимето во Мандиќ, е еден од оние кои биле испратени во Киев, Украина, да го убијат лидерот на Кавачкиот клан – Радоје Звицер.

Како што раскажува Звицер на украинските истражувачи на случајот, тој живеел безгрижен живот во елитен дел од Киев, Украина со својата фамилија.

Како член и водач на Кавачкиот клан, тој живеел далеку од своите непријатели се додека четворица српски и црногорски државјани – Петар Јовановиќ (Пеца Питбул) и Милан Бранковиќ од Србија, како и Стефан Џукиќ и Емил Тузовиќ. Животот на Звицер, го спасила неговата сопруга Тамара која почнала да пука по напаѓачите.

Ликвидациите на Звицер, како што пишува спрски „Блиц“, требала да биде одмазда за убиството на водачот на Шкаљарскиот клан – Игор Дедовиќ и Стеван Стаматовиќ, двајцата од Црна Гора, кои биле ликвидирани на 19 јануари во центарот на Атина, пред очите на нивните семејства.

Инаку, Радоје Звицер во својата родна земја Црна Гора се вратил откако беше ранет во Украина токму од страна на платениот убиец Стефан Џукиќ, кој денеска беше откриено дека е помеѓу лицата на кои МВР им издало македонски патни исправи.