Денот на пожарникарите во Скопје годинава помина во знакот на емоции, љубов и големо изненадување, откако припадник на Противпожарната бригада Скопје ја запроси својата девојка пред колегите и присутните.
Во романтичната атмосфера, неговите колеги држеа транспарент со порака што ги разнежни сите присутни:
„Во сите интервенции сум бил храбар, но оваа ми е најважната, ќе се омажиш ли за мене?“
По емотивното прашање следуваше и долгоочекуваното „да“, по што присутните избувнаа во аплаузи, овации и честитки за идниот брачен пар.
Сцената брзо се прошири на социјалните мрежи, каде бројни граѓани упатија честитки и пораки со поддршка за младиот пар.
Информацијата за настанот ја објави порталот Скопје1.мк.
View this post on Instagram
