Македонија бележи раст на извозот на свежо овошје и зеленчук

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, во гостување на Радио Лидер изјави дека државата не е увозно зависна кога станува збор за свежи земјоделски производи. Тој посочи дека последните податоци покажуваат значителен раст на извозот, при што домашните потреби се целосно задоволени, а квалитетното производство се пласира и на странските пазари.

Имаме 25,5 отсто раст во извозот на овошјето и зеленчукот, вели Трипуновски

Околу делот за увозот на храна. Последните податоци говорат дека Македонија во делот на свежите земјоделски производи не е увозна зависна. Имаме сериозен раст во овој дел во извозот. Ги задоволуваме домашните потреби и извезуваме квалитетен земјоделски производ. Се наметнува во јавноста дека сме узвозно зависни. Можеби да, но тоа е во делот на преработки од храна кои влегуваат во вкупниот увоз, меѓутоа во делот на свежната храна сериозен извоз имаме. Во 2025 година во споредба со 2024 година имаме раст од 25,5 отсто извоз – овошје и зеленчук. Ние произведуваме и извезуваме со што доаѓа сума на средства во буџетот, вели Триповски за Радио Лидер.

(ВИДЕО) НЕМА ДА ИМА КРАТЕЊЕ НА СУБВЕНЦИИТЕ: Трипуновски образложува дека со новата методологија државата ќе има поголем ефект од субвенциите

Погледнете го целото видео:

Усогласување со европските правила

Попатно мора да ги следиме правилата на ЕУ и сите земји кои го поминале патот. Ние треба да се прилагуваме и да бидеме паметни и да ги следиме нивните искуства. Затоа мора да биде врзана површината со продукцијата. Мора да се продуцира за да се учесвува на пазарот на труд, рече министерот Цветан Трипуновски.