Видео снимки на 24Инфо од автопатот Пријателство покажуваат како се транспортираат дел од втората пратка на оклопните возила JLTV Oshkosh, набавени од САД за македонската армија.
Станува збор за лесно тактичко возило кое е дел програма на Армијата на САД, американскиот поморски корпус и командата за специјални операции и континент од овие возила вчера пристигна во Македонија.
Министерката Славјанка Петровска на 18 мај информираше дека на пристаништето во Солун пристигнала втората пратка од 26 лесни оклопни возила и дека се очекува да започне испораката кон касарната во Штип.
Дел од арсеналот на Армијата веќе се шесте оклопни возила од истиот тип кои пристигнаа во јули минатата година, а на кои припадниците на Армијата веќе имаа можност да се обучуваат. Станува збор за повеќегодишна набавка на вкупно 88 оклопни возила од ваков тип, која целосно ќе се реализира во следните години.а