Името на американскиот претседател Доналд Трамп отсега ќе биде поврзано со една од најважните сообраќајници во Мароко. Кралот Мохамед VI официјално потврди дека автопатот Тизнит–Дахла, долг 1.055 километри, го носи името на американскиот лидер.
Мароканскиот крал во писмо упатено до Трамп навел дека преименувањето на автопатот претставува „личен израз на голема почит“, објави државната новинска агенција на Мароко.
Автопатот Тизнит–Дахла минува низ Западна Сахара, регион кој со децении е во центарот на политички спор. Мароко ја смета оваа територија за дел од својата држава, додека делови од регионот се под контрола на Фронтот Полисарио, движење кое се залага за независност на Сахарците.
Во писмото до американскиот претседател, Мохамед VI потсети дека САД во 2020 година, за време на првиот мандат на Трамп, го признаа мароканскиот суверенитет над Западна Сахара.
„Историското признавање на мароканскиот суверенитет над Сахара засекогаш ќе остане во сеќавањето на Мароканците, од генерација на генерација“, напишал кралот.
Трамп минатата недела преку својата социјална мрежа Truth Social му се заблагодари на Мохамед VI за оваа чест. Американскиот претседател објави видео од автопатот и наведе дека неговата изградба чинела речиси една милијарда долари.
„Со нетрпение го очекувам денот кога ќе поминам по целата должина на овој голем автопат, се надевам, многу скоро“, напиша Трамп.
“الطريق السريع دونالد ج. ترامب”… الاسم الجديد للطريق السريع تزنيت–الداخلة، الممتد على 1055 كيلومترًا، وأحد أكبر المشاريع المهيكلة بالأقاليم الجنوبية، والمنجز في إطار النموذج التنموي الخاص بالأقاليم الجنوبية الذي أطلقه صاحب الجلالة الملك محمد السادس، نصره الله.
هذا مقتطف من… pic.twitter.com/oi4P0FaIkh
— Naama MAOULAININE 🇲🇦 النعمة ماء العينين (@NMalainin) August 1, 2026
