Госпоѓо Петровска, додека си играте обвинети,обвинители и судии, не’ дефокусирате со завршни сметки на училишта кои не работат 14 месеци т.ес не прават трошоци и додека се занимавате со пренамена на средства за улици во последните 4 месеци од мандатот, ние сакаме одговори на следниве прашања, истакна Васко Мавровски од ВМРО-ДПМНЕ и додаде:
-Госпоѓо Петровска, градоначалничке во обид и во заминување.
Битолската јавност заслужува да биде информирана во кое својство се појавивте во кривичниот суд во Скопје за случајот “ИЗГРАДБА НА СТАРЕЧКИ ДОМОВИ” во кој обвинет е Бојан Јовановски?
Дали Вие сте дел од криминалната мрежа во која се переле пари?
Дали е точно дека средбата меѓу вас , Бојан Јовановски и Кирацовски е направена во општина Битола тајно и нетранспарентно и дека за таа цел сте ги ослободиле вработените од општината да си одат дома за да не ве видат и да не можат да сведочат за средбата?
Ако е така, објаснете зошто средбата беше тајна и кои процент договаравте за вас од изградба на стаечките домови?
Со какви дополнителни докази располага одбраната која тврди дека има аудио и видео докази?
Дали во тие дополнителни докази можеби се скриени доказите во кои заедно со вашиот сопартијец Кирацовски тогаш во улога на генерален секретар на СДСМ му имате ветено на Бојан Јовановски нешто што е спротивно на законот и затоа истите се одбиени од судот?
Изјавивте дека сте интервенирале во ОЈО да не стои во фиока вашата кривичната пријава за легализацијата на планинарскиот дом „Копанки“, легализација за која и вие како советник гласавте и бевте едногласни „Копанки“ да се легализира.
Дали тоа значи дека вашето катастрофално работење и лош рејтинг на следните локални избори ќе го дефокусирате со нови кривични пријави, обвиненија и пресуди против и наши функционери од ВМРО-ДПМНЕ и дека немате намера да прекинете со политичкиот прогон против сите ваши неистомисленици?
Дали тоа значи дека ОЈО Битола работи по директива на СДСМ Битола?
Дали мислите дека ОЈО од Битола повторно ќе ви се стави на располагање и ќе го заташка криминалот што сте го направиле злоупотребувајќи ја надлежноста и функцијата која ја добивте со измама, уцени и лажни ветувања?