Голем метеж попладнево се создаде на граничните премини за влез во Македонија, особено на излезот од Грција преку преминот „Евзони“, каде што по завршувањето на продолжениот викенд се формираа долги колони возила. На социјалните мрежи се објавени видеа од колоните, а според коментарите на возачи, застојот на „Евзони“ почнал уште околу 14 часот по грчко време.
Дел од граѓаните наведуваат дека за излез од Грција и влез во Македонија се чека околу три часа. Колоните се протегаат со километри, а како причина за застојот, покрај зголемениот број патници, се наведува и примената на новиот европски систем за влез и излез – ЕЕС, односно Entry/Exit System, кој ги забавува граничните процедури.
Метеж има и на други премини. Покрај „Богородица“, на граничниот премин „Дојран“ се чека околу еден час.
