Протестот е практично одраз на целокупната состојба во општеството, народот е незадоволен. Народот денеска е излезен во поддршка на луѓето кои што го бранеа Уставот. Еден ден неправедно осуден човек е како цела вечност – изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој го поддржа семакедонскиот протест на кој се бараше слобода за уставобранителите.
Тој смета дека нема причина да не се преотвори случајот со осудените за настаните на 27 април.
Бидејќи имаме судска пракса за повторно отворање на случаи, не гледам причина зошто и овој случај да не се преотвори и луѓето од слобода да имаат втора шанса да се бранат и да ја докажат својата невиност – додава Мицкоски.