Генерално овие неколку дена ќе бидеме во Брисел, заедно со потпретседателот Николоски и со меѓународниот секретар Муцунски. Ја користиме оваа прилика најпрвин со Европската Народна Парија, со политичките партии кои се дел од ЕПП за време на политичкото Собрание да зборуваме за актуелните теми кои што се дел од политиките на ЕПП. Предмет генерално ќе биде усвојување на буџетот за 2021 година, претстојниот Конгрес кој ќе се одржи на крајот од 2021 година, идеолошки Конгрес на Европската Народна Партија, вели Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во изјава за телевизија Алфа.

-Оваа посета ќе ја искористиме да имаме и средби и голем број настани со политичари кои што се европратеници и претседатели на политички партии и премиери, луѓе кои се дел од ЕПП и да ја искористиме оваа можност да зборуваме за како може што поскоро да се отпочнат преговорите со Република Македонија, да се тргне она вето кое за жал нашиот источен сосед Бугарија го има наметнато да сега во 21 век ние разговараме за теми кои се од век. На тој начин практично ќе се даде дополнителен мотив и стимул на македонските граѓани, на македонскиот народ да веруваат во европските вредности и европската перспектива на Македонија. Апсолутно сме свесни дека оваа влада предводена од СДСМ и Зоран Заев практично ја рангираше Македонија како најкорумпирана држава и држава во која владее криминалот и е на најлошото место во Европа, посочи Мицкоски и додаде:

Тој рече:

-Свесни сме дека нема реформи дека практично сето она што го ветуваа не успеаја да го испорачаат, но за тоа не треба сметката на крајот од денот да ја плаќа македонскиот народ и граѓаните и Македонија и затоа ние како држава заслужуваме како Македонци и македонски народ да ги отпочнеме преговорите и да застанеме рамо до рамо со европските народи. Со господинот Кампоменоси денеска имавме средба во рамките на утринските сесии. Иако тој доаѓа од партијата Лега на господинот Салвини која што не е дел од Европската народна партија, но ние како ВМРО-ДПМНЕ имаме стратешка определба да воспоставиме една плодна и би рекол посериозна комуникација со партијата Лега на господинот Салвини, бидејќи очекуваме дека наредните избори сериозно ќе ги добијат и господинот Салвини ќе биде премиер на Италија иако во моментов се дел од Владата на Италија. Разговаравме за продлабочување на соработката, определени партиски идеолошки правци и насоки коментиравме, го поканивме тој или господинот Салвини во зависност од расположливото време или некои други високи официјални лица од нивната партија, да бидат дел од предизборната кампања за локалните избори. Од тоа што успеавме да слушнеме е дека ќе дадат максимум тоа да се случи, но и во тој период и во Италија има исто така локални избори, така што ќе биде малку потешко да се најде време. Но во секој случај ВМРО-ДПМНЕ поставува сериозна комуникација со Лега на Салвини.“

Во однос на изјавата на Заев дека не треба да си даде оставка за блокадата во ЕУ, Мицкоски истакна дека лицемерни и дволични политичари можеби не треба да се коментираат сепак позицијата во моментот премиер е тешка па мораме да ги коментираме и неговите изјави.

-Во суштина истата таа причина за која што имаше предвремени избори во 2020тата година сега можеби е уште посилна, бидејќи условот е многу посилен, а тоа е се бара компромис кој што ќе биде на штета на македонскиот народ, на македонската нација, посебност, традиција, , јазик, култура, обичај итн, нешто што не беше случај во 2020тата година, бидејќи тогаш блокираше Франција, но блокираше од други причини а тоа беше методологијата за преговори. Се коригираше методологијата, објективни беа и веќе Франција понатаму не го блокираше процесот. Сега Бугарија не блокира затоа што сака буквално да ја начне нашата посебност како народ, нашиот јазик, нашата култура, нашата традиција и обичаи итн, нешто што навистина во 21виот век е се, само не е европска вредност.

Мицкоски потенцираше:

-Зоран Заев ветува дека се ќе потпише тука кога ќе дојде, во Македонија вели дека тоа не е точно, но таму кога седи на маса за што постојат и белешки од тие разговори, бидејќи заборава дека е премиер, луѓето си прават белешки, и потоа тие прибелешки излегуваат во јавност. Она што можам да порачам е дека не само што има причина, туку јас не гледам ниту една причина зошто да остане на тоа место каде што е таму, односно премиер на Македонија. Така што не треба да гледа причина, треба веднаш да се повлече и да распишеме предвремени парламентарни избори