Денес остварив средба со претставници од иницијативата „Не отворам врата“ со кои разговаравме за актуелната политичка состојба во државата, но и ги запознав со деталите од постигнатиот договор за одложување на пописот, напиша на ФБ, лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Заеднички се согласивме дека е добро што е одложен пописот поради лошата епидемиолошка слика и разгорената ковид пандемија која секој ден одзема по триесетина животи и заразува по 1.300 наши сограѓани. На средбата беа запознаени претставниците од иницијативата, но и заеднички се согласивме околу заложбата за доследна примена на практиките и методите на Еуростат при одржувањето на пописот, како и фактот дека нема да се поддржат резултати од попис кој нема да биде спроведен по методологијата и стандардите на Еуростат и европските практики, напиша Мицкоски.