Во тек е конститутивната седница на новиот собраниски состав каде присуствуваат новите пратеници. Веднаш започна деструктивното однесување на Левица која остана во опозиција заедно со СДСМ и ДУИ.
Апасиев се збуни на прашањето зошто не го поддржува Гаши
При влегувањето во Собранието најпрво Димитар Апасиев рече дека нема да го поддржи новиот собраниски спиекер Африм Гаши бидејќи е Албанец. На новинарско прашање „што му смета ако е Албанец е претседател“ тој рече дека му смета зборувањето на албански и го опиша како противуставно. Сепак, на следното новинарско прашање каде му рекоа „а што ако ги води седниците на македонски јазик“ Апасиев не знаејќи што да каже рече „си ги гласавте патриотите, тоа ќе ви е реалноста“. Отпосле Апасиев избеда од камерите.
Мицкоски: Левица продолжува да се однесува како „група џанаци“
Христијан Мицкоски веднаш му возврати на Апасиев. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и иден премиер на Македонија напомена дека на Апасиев му била понудена рака од ВМРО-ДПМНЕ, но тој ја одбил. Мицкоски го цитираше нивниот поранешен член кој Левица самиот ја опиша како партија на џанаци.
Димитар Апасиев пред изборите имаше бланко понуда од ВМРО-ДПМНЕ да се приклучи и да застане на страната на македонското национално единство. Тој одлучи повеќе да се посвети на правењето планови каде ова лето ќе ужива дали на Хургада или пак на некоја грчка плажа. Како што еден од неговите поранешни сопартијци вели дека тие биле една група на џанаци, тој и понатаму продолжува да се однесува така, децидно рече Мицкоски.
Според новиот Деловник за работа на законодавниот дом, ваквата конститутивна седница може да трае најмногу три дена.
Во тек е конститутивната седница на новиот собраниски состав: Четири точки на дневен ред
Седницата завршува со изборот на претседател на Собранието.