Според ВМРО-ДПМНЕ да се продава државно земјоделско земјиште за едно евро не е добро, во тој случај само одредени олигарси би рекол коишто имаат црни фондови на средства би го искористиле тоа да ги легализираат и да станат големи земјопоседници, но народот и државата во целина не би имале корист и ние сме против такво решение.

Има многу други начини како да се помогне на земјоделието, како подомаќински да се стопанисува со Буџетот, наместо да се распродава државното земјиште за да се оправда ова расипничко трошење на државниот Буџет коешто власта го прави, истакна Милошоски.