Во ректоратот на УКИМ денеска одржавме состанок со рекоторката на Универзитетот, проф.д-р Биљана Ангелова, проректорите и универзитетски професори, на кој се утврди заеднички акционен план за реализација на проектот за реконструкција на спортската сала „Св.Климент Охридски“.

Министерството за спорт обезбеди средства во буџетот за реконструкција на салата која е од особено значење за спортот бидејќи во неа се изведува настава за над 1.500 студенти на УКИМ.

Иако оваа сала не е наша надлежност и владение, во интерес на непреченото одржување на наставата, тренинзите и другите спортски активности на УКИМ, Министерството за спорт ќе се заложи во најкраток можен рок оваа сала да биде ставена во функција за бенефит да имаат спортот и сите студенти на УКИМ.

Инаку, претходно салата беше во очајна состојба.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nikola Nikolovski (@boemot.mk)