Премиерот Мицкоски се обрати на Форумот на повратници во Македонија

 

Денес зборувам пред луѓе кои носат посебна тежина во ова општество, луѓе кои ја знаат татковината одвнатре и од надвор. Луѓе кои заминале не затоа што сакале да ја напуштат татковината туку затоашто животот, времето и околностите ги натерале да бараат подобри услови, сигурност и перспектива. И, најважно луѓе кои се вратиле тука и започнале нова успешна приказна, истакна денеска во своето обраќање на Форумот на повратници во Македонија премиерот Христијан Мицкоски.

Мицкоски рече дека нивното враќање не е симболично и е порака дека корените не се пресечени и дека љубовта кон домот не исчезнува.

-Вашето враќање не е симболично, тоа е суштинско. Тоа е порака дека Македонија не е заборавена, дека корените не се пресечени и дека љубовта кон домот не исчезнува без разлика на годините и далечината, рече премиерот.

Многумина заминаа затоа што нема избор, затоа што сакаа подобро образование за своите деца, посигурна работа, достоинствена плата, стабилен живот, додаде премиерот.

-Сакам јасно и искрено да кажам, ние не можеме да се лутиме на оние кои заминале, ги разбираме. Ја разбираме нивната мака, ја разбираме нивната мака, нивната борба. Знаеме дека многумина замина затоа што нема избор, затоа што сакаа подобро образование за своите деца, посигурна работа, достоинствена плата, стабилен живот и тоа е нормална човечка потреба, тоа е борба за иднина. Но, исто така знаеме и нешто друго дека колку и да оди човек далеку, серцето секогаш го влечи назад затоа што како што мудро вели нашиот народ каменот тежи на своето место. Каде и да одите низ светот, колку и да сате успешни таму секогаш ќе бидете дојденци, посочи Мицкоски и подолжи:

„Само дома си свој, само дома твоето име твојот труд имат длабок корен и трајна вредност, вие што денес сте тука, сте жив доказ за тоа. Вие покажавте, знаењето и искуството стекнато надвор не се губат кога ќе се вратите туку добиваат смисла стануваат темел за нови бизниси, нови работни места, нови идеи и нова енергија во нашата економија. Земјата не е денес земја што стои во место, Македонија се менува и се развива, економијата расте, се инвестира во индустријата, во енергетиката, во во инфраструктурата. Се градат патишта, фабрики, капацитети што носат додадена вредност. Се отвара простор претприемништво за иновации за младите и за ониое што сакаат да вложат и да создаваат дома. Како влада нашата обврска е да создадеме услови, да обезбедиме стабилност, правна сигурност, поддршка за инвестици и јасна насока за развој. Но ниту една стратегија ниту еден план не може да успее без луѓето, државата не се гради само со институции, државата се гради со умови, со знаења, со искуство, со храброст да се преземе одговорност. Затоа велиме гласно, ни требат сите, ни треба секој Македонец кој сака да придонесе, ни треба секој што научил нешто надвор и е подготвен тоа да го вложи дома, ни треба секој што верува дека оваа земја може и мора да биде подобро место за живеење“.

Мицкоски испрати силна порака до иселениците дека вратите на Македонија се широко отворени за сите.

-Преку вашиот пример, денес испраќаме порака до сите наши луѓе родум од Македонија ширум светот. Ве разбираме, ве почитуваме и вратите се широко отворени. Не ветуваме лесен пат, но ветуваме смисла. Нудиме можност да се биде дел од нешто поголемо, нудиме шанса трудот да не биде само личен успех туку и придонес за заедницата и идните генерации. Домот не е совршен, се гради, се поправа, а нашата заедничка Македонија денес е токму тоа, дом што се гради во кој има место за сите свои луѓе. Вие сте дека може, вие сте пример дека враќањето е сила и вие сте гласот што најдобро може да им каже на другите дека каменот кога ќе се врати на своето место тежи најмногу, рече премиерот Мицкоски во своето обраќање.