Премиерот Христијан Мицкоски од Брисел даде кратко интервју за МТВ. Тој говореше за Самитот на лидерите на ЕУ и државите од Западен Балкан.

„Мојата порака ја кажав уште на самиот почеток. Најпрво е добро за граѓаните на Западен балкан дека се дел од оптиката со која Европската унија го гледа Западниот балкан. Но, тоа кое не е добро е фактот дека има голем број билатерални проблеми кои претставуваат пречка да станат дел од ЕУ. Македонија е таков пример. Изминаа 25 година откако е потпишан договор за стабилизација и асоцијација до денес. Од годината од кога станавме кандидати со една Хрватска изминаа 20 години. Ние бевме случајот чиј процес остави трајна трага“, рече премиерот Христијан Мицкоски од Брисел.

Погледнете го целото интервју на премиерот Мицкоски: