Игуменот на Манастирот Успение на Пресвета Богородица во Јанковец, јеромонахот Спиридон ги анатемиса сите кои користат вештачка интегенција, оние кои повикувале на вакцинација против Ковид и оние кои нема да му се покоруваат на Царот и кои ќе се бунтуваат против властите и ќе повикуваат на промени.

Се тоа убаво Јеромонахот го прочитал како дел од Синдиконот за Недела на Православието во Манастирот, а неколкумина верници собрани три пати во хор аминувале со Анатема! Анатем! Анатема!. Јеромонахот на МПЦ-ОА реши да си го промени текстот од Синодикото и да си го дополни со свои зборови кои нему му одговраат.

Анатемисувањето одело вака:

„На гонителите на Христовата црква. Кои убиваат свештенослужители и разрушуваат храмовите божји, кои мачат браќа наши и ја сквернават нашата татковина и кои под присила принуда и уциени ги присилуваа да се вакцинираат против Ковид, нека е анатема. Во хор верниците одговораат: Анатема! Анатема! Анатема!.

Ако ова се преведе во реалност, тоа би значело дека покрај властите, МПЦ-ОА ги анатемиса сите лекари, научници, кои зборувале за пандемијата и опасноста од невакцинирање.

Но, тоа не е се. Спиридон поенитира со вештачката интелегенција, па вели:

„На оние кои со магиите ги повикувата демоните и се поклонуваат и се надеваат на вештачката интелегенција, нека е анатема.

Интересен е и делот од анатемисувањет во кој се вели:

„На оние кои не веруваат дека светите цареви на престолот се поставуваат по Божјо провидение и не веруваат дека миропозаманието врз нив не ја излева благодатат Божја и се бунтубваат и повикуваат на промени.. Анатема!… Народот Возвраќа: Анатема! Анатема! Анатема!.

Значи сите кои не веруваат дека власта е Божјо провидение и се дрзнале да бараат промени… се анатемисани.

Овај јеромонах во МПЦ-ОА е познат по своите скандалозни постапки. Беше монах во Лесново, од каде побегна, па едно време имаше информации дека е во Осогово, па и од таму замина и сега е во Преспанко-пелагонсиката епархија во манастирот крај Ресен.

Извор: Религија.мк