Дел од петочкото издание на „Еспресо со Златев и Боцевски“ беше македонски актер и продуцент кој е и директор на Меѓународниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, познатиот Симеон Мони Дамевски.
Со него се дискутираше на повеќе теми, фокусот се стави на серијата која наскоро ќе биде на ТВ екраните „Бистра вода“.
Мони Дамевски ја спореди македонската и српската продукција. Тој вели дека главната предност во Србија која недостава сум кај нас е регулацијата на Законот за мора да даваат за производство на серии.
– Ние сме постојано љубоморни на Србија затоа што во таму го имаат регулирано Законот на таков начин да телекомуникациските провајдери да мораат да даваат 4% од своите пари на производство на серии. Тие лани снимаа 16 серии, годинава 32 серии. Имаат огромна хиперпродуција, вели Дамевски.
Актерот потенцираше дека вештината се стекнува исклучиво со работа, а истата треба константно да се подобрува.
– Актерскиот занает се пече во играта, а ако не играш имаш недостаток. Вештината се стекнува со работа. И тоа се одразува врз актерите, заклучи Дамевски.
Тој исто така се осврна и на новата македонска играна серија „Бистра вода“ во продукција на „Синемон медија фактори“ и Алфа ТВ со сценарио, режија и продукција на Јани Бојаџи, а главната улога ја игра токму тој. Во однос на серијата „Бистра вода“ откри интересни детали околу актерската екипа и содржината.
Целото гостување на актерот Дамевски може да го погледнете ТУКА.