Нема нешто од кое ДУИ се плаши повеќе отколку да биде извадена во опозиција, потенцира Муцунски во утрешното гостување на Радио Лидер и додава дека вечерашните состаноци на СДСМ се стимулирани токму од ДУИ за да се преземат дополнителни маневри по лидерската средба.
Според Муцунски СДСМ длабоко е во прегратката на ДУИ, па затоа е скептик за евентуална соработка меѓу двете најголеми македонски партии.
– Доколку СДСМ беше одговорна партија во истиот момент ќе имаше оставка од премиерот Ковачевски и оваа есен ќе одевме на парламентарни избори. Нивната координација со ДУИ е се уште на многу високо ниво. Сметам дека токму чекорот кој го презема ВМРО-ДПМНЕ ќе го извади тоа на виделина, вели Муцунски.
Муцунски уште еднаш напомена дека уставни измени под вакви околности ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати, а прифаќањето на ДУИ да оди во опозиција е само блефирање од нивна страна.
– Нема нешто од кое ДУИ се плаши повеќе отколку да биде извадена во опозиција бидејќи токму тогаш има распад на еден систем кој е основан врз база на тесни интереси на мала група луѓе кои се обидуваат да воспостават контрола заради криминал и корупција.
Тој додава дека вечерашните состаноци на СДСМ се стимулирани токму од ДУИ за да се преземат дополнителни маневри.