На 27.08.2023 во 17.50 часот во Куманово на место викано „Света Мина“ од полициски службеници од Mобилната единица при Одделот за гранични работи и миграции е лишен од слобода М.А. (28) од с.Студеничани, скопско, поради сторено кривично дело криумчарење мигранти.

Тој управувајќи возило „ауди“ на автопатот Е-75 не застанал на даден знак за запирање на возилото од полициските службеници и се дал во бегство, но набргу, по преземени мерки и активности, бил сопрен и лишен од слобода.

Во возилото биле пронајдени пет лица мигранти од Сирија.

За настанот е известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.