Поројниот дожд што попладнево го зафати охридско-струшкиот регион предизвика проблеми на повеќе локации. Во делови од Охрид и Струга беше регистриран прекин на електричната енергија, а обилните врнежи создадоа тешкотии и во сообраќајот.
На повеќе улици се забележуваше насобрана вода, што го отежна движењето на возилата и пешаците. Снимки од невремето беа споделени на социјалните мрежи.
Засега нема официјална потврда за причината за прекинот на струјата, но според неофицијални информации, се шпекулира дека дефектот е поврзан со електроенергетскиот систем на МЕПСО.
View this post on Instagram
