Западот ја обвинува Индија дека профитира од војната купувајќи сурова нафта од Русија, препродавајќи ја како нафтени деривати, но индискиот министер за надворешни работи Субраманјам Џаишанкар возврати со порака дека никој не е приморан да купува.
„Ако имате проблем со купување нафта и нафтени деривати од Индија, едноставно немојте да ги купувате. Никој не ве тера. Ама Европа купува. И Америка купува. Не ви се допаѓа? Немојте да купувате!“, рече Џаишанкар.
Новинар му посочи дека Западот ја обвинува Индија за заработка врз основа на руската нафта, но индискиот министер нагласи дека одлуката за купување останува на европските и американските пазари.