Вицепремиерот Александар Николоски на својот фејсбук профил објави видео од изградбата на една од 14 -те галерии на автопатот Охрид-Кичево со што се стабилизираат косините.
„НАЈТЕШКИОТ ДЕЛ од автопатот Охрид – Кичево го решаваме со изградба на 14 ГАЛЕРИИ кои прв пат се изведуваат во Македонија и во регионот.
Буквално пробиваме планини, стабилизираме косини коишто се од 100 до 200 метри, вкупно решаваме 16 косини, нешто што прв пат се случува во Македонија, но и во регионот!” – објави вицепремиерот Николоски
Погледнете го видеото:
