СДСМ тука ја има и локалната и централната власт, но скоро ништо и да не испорача. Големи ветувања имаше пред четири години Стефан Богоев кој што е сега градоначалник, но од тоа не реализира ништо, изјави од Карпош потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.
Во продолжение интеграален текст од изјавата на Николоски:
Денеска сме во посета на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Карпош и општина Карпош во рамки на редовните активности кои што ВМРО-ДПМНЕ ги има за посета на општините низ цела држава.
Денеска сакаме да разговараме со луѓето кои што го водат ВМРО-ДПМНЕ кои што го водат ВМРО-ДПМНЕ Карпош и секако со граѓаните на Карпош за актуелните случувања и во пресрет на локалните избори, но се надевам и во пресрет на предвремени парламентарни избори.
Во однос на Карпош постои еден целосен застој и не реализација на главните ветувања на актуелното раководство на општината од страна на СДСМ.
СДСМ тука ја има и локалната и централната власт, но скоро ништо и да не испорача. Големи ветувања имаше пред четири години Стефан Богоев кој што е сега градоначалник, но од тоа не реализира ништо.
Она што би можел да го нагласам како клучни ветувања а не се реализирани е изградбата на три базени од кои што немаме ни Б од базен, а камо ли да имаме три, понатаму ветувањето за градинка во Влае кое што не се реализира, имавме ветување за еден голем парк на реката Вардар кој што исто така не се реализира, како и ревизија на Деталните урбанистички планови кои не само што не се ревидирани, туку турбо се гради тука и се уништуваа и тоа малце зелена површина која што е останата во Карпош. Ова е причина плус да се случат промени на следните избори кои што доаѓаат во месец октомври и ноември. Ќе излеземе со исклучително квалитетно решение за градоначалник, се уште во моментот се прават испитувања на јавното мислење, така што оној или она кои што ќе се најдобри на тие испитувања помеѓу граѓаните ќе ја добијат довербата и од ВМРО-ДПМНЕ и ќе излеземе со многу квалитетна советничка листа која што ќе е поддршка на градоначалникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
Многу работи можат да се направат во Карпош, стручен тим на експерти работи на моментов на програма која што треба да даде целосна нова визија за општините во следните 8 до 10 години, односно оваа трета декада на 21 век, Карпош да стане најмодерна општина во државата, секако е најурбана, но да стане и најмодерна општина во државата преку воведување на нови технологии, преку воведување на хајт тек технологии, секако преку заштита на животната средина и еден хуман простор за живеење.