Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, објави дека започнува рехабилитацијата на обиколницата во Крива Паланка, која претставува важен дел од Коридорот 8. Проектот е продолжение на експресниот пат Страцин – Крива Паланка и обезбедува директна врска со граничниот премин Деве Баир, главната комуникација со соседна Бугарија.

Николоски истакна дека оваа обиколница ќе го поттикне регионалниот развој и соработката меѓу земјите. Дополнително, рехабилитацијата ќе придонесе за побрз транспорт и зголемена безбедност во сообраќајот на овој дел од источна Македонија. Погледнете повеќе од видеото во продолжение: