Утрово гостин на Радио Лидер беше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски и со него се разговараше на актуелни политички теми. Една од нив беше и анкетите за следни избори. дали Левица ја гледа како закана и излегувањето на Демократски сојуз од Владата.

Тој најпрво започна од тоа дека потребни се избори, а досега ниту една влада не бегала вака од избори како оваа сега предводена од Димитар Ковачевски.

– Изолирано е ВМРО-ДПМНЕ од политичката сцена. Поддршката расте, вакво епско бегање од избори досега немам видено. Нема влада во Македонија која вака бегала од избори, вели Николоски.

Николоски се осврна на анкетите и кажа дека

– Во однос на анкетите, последните истражувања на јавното мислење кои што ги имаме е дека соодносот помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ како два главни политички конкуренти е некаде повеќе од 2 спрема 1 во корист на ВМРО-ДПМНЕ. Она што е клучно и на крајот дава сила на политичките партии да ги реализираат своите програми е секако бројот на пратеници во Собранието и се што дискутиравме досега и ВМРО-ДПМНЕ не добие сериозна поддршка на следните избори.

Тој вели дека ВМРО-ДПМНЕ е единствената политичка сила во Македонија која што може реално да ги острвари желбите на македонскиот народ за да не бидеме уценети ние како ВМРО-ДПМНЕ и целиот македонски народ. Во спротивно тој вели дека би се дало шанса на типови како Арбен Таравари, Али Ахмети и Артан Груби политички да преживеат.

– ВМРО-ДПМНЕ мора да оствари над 61 пратеник за да расчисти со овие структури и за сите коишто се огрешија изминативе години и да завршат таму каде им е местото – на суд, потенцира Николоски во неговото гостување на Радио Лидер.