Потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ и пратеник во Собранието, Александар Николоски во емсијата „Стадион“ на Радио Канал 77 при разглобување на целата ситуација околу иницијативата за гласање недоверба на Владата истакан дека главни иницијатори одноно иницијална каписла за собирање на потписите за недоверба на Владата биле од политичката партија БЕСА.

„Еден сублимат на работи кои веќе се познати дека ВМРО ДПМНЕ и опозицијата на 31 октомври однесоа убедлива победа на локалните избори , најголема победа што било која опозициона партија било кога ја освоила на локални избори. Да ја потсетам јавноста дека ВМРО ДПМНЕ освои 42 плус два 44 градоначалнички места, а власата смао 16 со што комплетно беше делигитимиран изборот на оваа актуелна Влада и вечерта Зоран Заев најави оставка. Во нормална држава, оставката се најавува и се поднесува најбрзо што може, односно утре дента. Ние се соочиве со една ситуација со што сакаше да ја изигра таа своја изјава и веќе 4 до 5 дена немаше намера да ја даде таа негова оставка, и затоа се иницираше една иницијатива со која требаше да се собере 61 потпис со цел да се изгласа недоверба на Владата. Она што клучно сакам да го потенцирам и за што сум благодарен е дека главни иницијатори односно иницијална каписла за собирање на потписите за недоверба на Владата беа од политичката партија БЕСА. Затоа што политичката партија БЕСА до скоро беше дел од Владата имајќи предвид дека однесоа убедлива победа во Тетово, додека во Желино само на маса се обидоа да ја одземат победата со одлука на ДИК, кај нив постоеше револт и сметаа дека оваа Влада нема легитимитет“, рече Николовски.

Тој потврди дека во иницијаторите бил и Кастриот Реџепи , и неговиот потпис бил точно 61 –от а тоа можело да се види на официјалната веб страна на Собранието , но вели тоа е јавно познат факт.

„Потписите се собраа во четвртокот и петокот, потоа ние дадовме рок до Заев да си го одржи зборот, со цел да не ја мачиме јавноста со целата оваа процедура, со што дадовме рок до понеделник до 14 часот Заев да си даде оставка. И кажавме доколку не ја поднесе до 14 часот до 14 и 30 ние ќе ја поднесем иницијативата. И Заев кукавички излезе од целата ситуација, не ја поднесе оставката и во 14 и 30 како што ветивме ние ги поднесовме потписите и одржавме прес конференција на која што најавива дека потписите ќе бидат поднесени со цел да се изгласа недоверба на Владата. Седницата си беше најнормално закажана за четврток и единствената индикација дека можеби некој од пратениците би се премислил беше во однос на еден друг пратеник, тоа беше пратеникот Скендер Реџепи кој што имаше свои несогласувања во однос на луѓето кои се потпишани и начинот на кој е направена таа работа, иако и самиот беше потпишан. Тој чесно ги кажа своите ставови во јавност, успеавме тие работи да ги надминеме, да поразговараме меѓу себе, да најдеме заеднички јазик и следното попладне тој и неговата политичка партија Алтернатива излегоа на прес конференција и рекоа дека ќе гласаат за недоверба на Владата. Во ниеден друг пратеник немаше никаква индикација до нас, ни пола збор буквално дека би можеле да го променат своето мислење што во крајност е нечесно затоа што ако заеднички поднесуваме иницијатива и ако заеднички влегуваме во еден проект на гласање за недоверба на Владата. И да веруваме дека некој во меѓувреме го променил мислењето најминималната работа што треба да се направи е да се информираат партнерите. За жал видовме една друга ситуација, каде пратеникот не се појави во собранието и која што наликуваше на латино американски филм за Пабло Ескопар, каде што веројатно се добила понуда средбо или олово , затоа што нема ниту една друга логика за тоа што се случи, ниту беше облазложено во текот на денот или во рамките на собраниската говорница, или било каде да се закаже прес конференција ако на некој му било страв од нешто и таму да се каже „јас денеска нема да гласам и причините““, изјави Николовски.

Тој вели најголема жртва на тоа што се случи е самиот Зоран Заев затоа што до вчера се обидувал да ја одлага сопствената оставка, но вчера најверојатно сватил дека не може да оди против јавноста, па се нафатил на тоа да ја даде оставката.

„Прават сега некоја ситуација, затоа што знаат дека ВМРО ДПМНЕ на 14 ти декември имаат закажано Конгрес, па од сите возможни датуми за избор на претседател на СДСМ го бираат токму датумот на кој што ВМРО ДПМНЕ закажува Конгрес. Тоа е немање минимум политичка култура и достоинство“, вели Николовски.

За новите споменатите имиња кои би можеле да застанат на чело на СДСМ, Николовски вели дека не сака да се меша во изборот на членството на СДСМ, ниту пак ќе се впушти во тоа да коментира.

Одлуката на Реџепи, Николовски не ја смета за навреда, вели дека ја почитува секоја донесена одлука, но за целиот процес на носење условно кажано одлука проблематичен, затоа што кажав дека немаше никакви индикации дека тоа утро нешто ќе се случи и само тоа покажува дека целата систуација, народски да се изјаснам матна, рече Николовски.