На денешното судење на напаѓачот на Христијан Пендиков беше објавена снимка од безбедносни камери. Снимката ја презентираше обвинителот во случајот со тепањето на Пендиков во Охрид на 19 јануари. На снимката се гледа како две лица се во близина на лице за кое обвинителот вели дека е Пендиков, а трето лице го посматра случувањето. Инаку, Пендиков, кој е секретар на бугарскиот клуб во Охрид, денеска не се појави на рочиштето. Неговиот адвокат рече дека тој и натаму се лекува од повредите.
Обвинетиот Илија Спасески, кој е инаку наставник по професија, рече дека е невин. Тој се товари за омраза со тешки повреди.