Младите не се тестираат и користат фалсификат сертификати, па се добиваат нереални бројки во однос на позитивните, вели доктор Пановски, кој беше гостин на Утринска на Телма.
Пановски истакна дека во време на пандемијата сите треба да се лекуваат во јавно здравство, без оглед на тоа дали се или не осигуреници на фондот.
При ваква состојба во здравството, во време на пандемија, Пановски смета дека е несериозно да се менува актуелниот министер за здравство Венко Филипче.