Голем пожар попладнево избувна во продавница за бои во скопската населба Железара, при што густ црн чад се издига над објектот и може да се забележи од повеќе делови на Скопје. Противпожарната бригада е на терен и повеќе од 30 минути се обидува да го стави пожарот под контрола.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот, ниту колкава е причинетата материјална штета. Не е потврдено ниту дали има повредени лица. Поради производите што се наоѓаат во продавницата, од објектот се издига густ црн чад.
Повеќе информации за причините за пожарот и последиците се очекуваат откако ќе биде локализиран и ќе заврши интервенцијата на надлежните служби.
