Чад се издига над амбасадата на САД во Кувајт утрово, изјавија очевидци, а голем број безбедносни сили, амбулантни возила и противпожарни возила се во областа околу амбасадата

 

Чад се издига над амбасадата на САД во Кувајт утрово, изјавија очевидци, а голем број безбедносни сили, амбулантни возила и противпожарни возила се во областа околу амбасадата.

Амбасадата издаде предупредување, велејќи дека постои постојана закана од ракети и беспилотни летала над Кувајт и ги советуваше луѓето да не доаѓаат во амбасадата.

На американските граѓани им е кажано да останат дома и да бидат внимателни поради потенцијални напади.

 

Воздушната одбрана пресретна неколку „непријателски беспилотни летала“ кои се приближуваа кон земјата по море, според агенцијата за цивилна одбрана КУНА.

Нема пријавени повредени, а агенцијата соопшти дека безбедносната ситуација останува „стабилна“.


Напади во регионот по атентатот врз Хамнеи

 

Кувајт, како и другите земји од Персискиот Залив, се соочуват со напади по атентатот врз врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи. Меѓу целите во регионот се американските воени објекти.

Како одмазда за воздушните напади на САД и Израел, Иран нападна и локации во Обединетите Арапски Емирати, Катар и Бахреин.

Револуционерната гарда на Иран денеска објави дека лансирала ракети врз израелските градови Тел Авив и Хаифа, како и Источен Ерусалим.

„Меѓу целите на овој десетти напад беа владиниот комплекс на ционистичкиот (израелски) режим во Тел Авив, напади врз воени и безбедносни центри во Хаифа и напад врз Источен Ерусалим, област окупирана и анектирана од Израел“, соопшти идеолошката армија на Иран во соопштение емитувано на државната телевизија.

САД објавија дека досега тројца американски војници се убиени во американската операција против Иран, а Кувајт објави дека неколку американски борбени авиони се урнаа во таа земја, но екипажите преживеаја.