Таткото на Коста К.(14), осомничен дека утринава во ОУ „Владислав Рибникар“ убил девет лица, меѓу кои ученици и обезбедување, денеска е уапсен.

Репортерите на порталот „Нова.рс“ го снимија моментот кога полицијата го однела таткото од станот во полициска станица. Видеото може да го погледнете ТУКА.

Како што претходно соопштија од полицијата, делото Коста К. го извршил со пиштолот на неговиот татко.

Според неофицијални информации, кои ги објави министерот за полиција, Братислав Гашиќ, неговиот татко редовно го посетувал стрелиштето, а со себе го земал и синот.

Коста К. утрово упадна во училиштето во Врачар и со истрели од огнено оружје уби девет лица, осум ученици и училишниот чувар.

Осомничениот потоа повикал полиција и им кажал што направил.

Како што соопштија денеска на прес-конференција полициски службеници, тој долго време го планирал делото. Во неговиот стан е пронајден и список на луѓе кои планирал да ги убие.