Шест деца и еден наставник се повредени и во моментов се на лекување во Ургентниот центар во Тиршова. Тинејџерот Коста Кецмановиќ (14) кој го извршил ова дело е ученик во ова училиште и бил пронајден и уапсен во училишниот двор.

Сега се склопуваат коцките како малолетникот го извршил ова незаборавно злосторство.

Се започнало кога ученикот Коста Кецмановиќ (14) влегол во училиштето и започнал расправија со лицето од обезбедување и го убил.

После тоа, тој продолжува низ училишната сала до училницата за историја која се наоѓа на приземје. На пат кон училницата се среќава со три девојчиња, кои ги убива со истрели од пиштол.

Четиринаесетгодишникот го продолжува својот крвав поход во кабинетот по историја. Прво пука во наставничката, а потоа со полуавтоматски пиштол „CZ Shadow 2 black“ калибар 9 мм уби пет другари во училницата.

Според неофицијални информации од децата од училиштето, неколку момчиња скокнале врз него и го совладале, додека тој пукал и оставил три дупки од куршуми на ѕидот.

Тој самиот повикал полиција по масакрот и сам се пријавил.

Веселин Милиќ, началник на белградската полиција, изјавил дека ученикот повикал полиција и рекол: „Јас сум Коста Кецмановиќ“, и пријавил дека пукал во неколку лица.

Она што особено застрашува е фактот што ученикот направил и список за учениците кои планирал да ги убие, а како што изјави Милиќ, ова злосторство го планирал околу еден месец.

-Како што самиот изјави, ова бил список на деца кои планирал да ги ликвидира. Самиот направил план за влез и излез од училиштето. Како што кажа и самиот, поставил приоритетни цели. Ова се најде на неговото биро – изјавил тој.

Како што тврдат децата, Коста бил одличен ученик, тивок и повлечен, на училиште го нарекувале „бубалица“, а неофицијално се дознава дека добил единица по историја, што го изнервирало. Неговите пријатели наводно го задевале поради тоа. Се работи за квалитетен ученик кои често бил на училишни натпревари.